full screen background image
Search

Прва фотографија од новата Kia Optima!

По неколкуте најави и скици, KIA ја објави првата официјална фотографија од новата генерација на својот популарен седан – Optima!

Дизајнот наликува на Sportspace концептот кој KIA го прикажа во Женева, но од оваа фотографија не можеме да дознаеме повеќе. Според она што KIA го објави досега, новата Optima „ќе се нуди со повеќе различни мотори“ и „ќе нуди просторен ентериер со функционалности кои се очекуваат од погорната класа како и технологии кои порано не се нуделе.“

Според познавачите, на Европските купувачи најверојатно ќе им се понуди ревидирана верзија на истиот 1.7-литарски CRDi турбодизел кој и досега се нудеше, но овој пат во понудата би можела да се најде и хибридна верзија која ќе го користи истиот турбодизел во комбинација со електромотор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.