Renault ќе ги замени Laguna и Latitude со единствен модел – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ќе ги замени Laguna и Latitude со единствен модел

Големите седани на Renault не се особено популарни на пазарот – па францускиот производител ќе ги замени двата автомобили со еден, кој најверојатно ќе добие и ново име!

Желбата на Renault е да добие свеж старт и да донесе на пазарот модел кој ќе биде вистински конкурент на другите европски седани од оваа класа – која неодамна доби значително освежување – во класата се застапени новите Volkswagen Passat, Ford Mondeo, Skoda Superb како и освеженото Peugeot 508. Новиот модел на Renault ќе се нуди во седан и караван изведба, но купе варијантата веќе нема да се нуди – изјави Jerome Stoll од Renault за Automotive News Europe.

renault-sedan2

Интересна е желбата на Renault на моделот да му даде целосно ново име – кое би требало да ги рефлектира обата модели кои новиот автомобил ќе ги замени. Сега за сега нема информации како би се викал моделот, ниту пак кога ќе започне продажбата, но веќе е потврдено дека автомобилот ќе биде претставен на 6ти Јули, а продажбата би требало да започне во Септември.

Од Renault вложуваат многу надеж во новиот автомобил, кој ќе биде поставен на новата Common Module Family (CMF) платформа и ќе нуди „флуиден и емотивен“ дизајн. Според Carlos Ghosn, новиот седан ќе ги има сите предности кои доаѓаат со користење заедничка платформа, но и дека новиот автомобил би требало да ги реши „проблемите со профитабилност во D сегментот каде Renault не добива задоволителни резултати со тековните модели.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.