Jaguar полека но сигурно го открива новиот XF! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar полека но сигурно го открива новиот XF!

Британскиот бренд започна да ја открива втората генерација на својот популарен седан – луксузниот Jaguar XF!

Jaguar ги објави првите две фотографии од новиот XF. Не можеме да забележиме многу од фотографијата од птичја перспектива, освен дека автомобилот ги задржува пропорциите од претходната генерација, но со малку пократок заден дел и понагласениот поклопец на моторот кој сугерира динамичност и спортски карактер.

Она што е подобро прикажано е ентериерот – и можеме да препознаеме централно поставен мултимедијален уред кој е дел од централната конзола, наместо да изгледа „додаден“ како кај германските ривали. Ни се допаѓа минимализмот во дизајнот, како и материјалите кои изгледаат како да се со врвен квалитет.

Новиот XF ќе биде базиран на iQ[Al] платформата на Jaguar која е изработена од алуминиум, и познавачите велат дека благодарение на новата платформа и лесните материјали кои ќе се користат во производството, новиот автомобил ќе биде околу 100 килограми полесен од претходната генерација. Придобивките од ова се повеќестрани, но од Jaguar ја истакнуваат динамичноста и ниската потрошувачка, која кај одредени модели изнесува само 4 литри (претпоставуваме дизел) гориво на 100 изминати километри.

Новиот XF ќе биде претставен на 24ти овој месец, а официјалната премиера е закажана за саемот на автомобили во Њу Јорк, на 1ви Април.

jaguar-xf-top



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.