full screen background image
Search

AC Schnitzer ACZ4 5.0d – Дизел хипер-купе со 424 коњски сили!

Што добивате кога во BMW Z4 ќе го ставите три-литарскиот турбодизел со три турбини од BMW M550d? Луѓето од AC Schnitzer го одговориле токму ова прашање!

Сега за сега, постои само еден примерок од овој автомобил кој всушност е базиран на бензинскиот BMW Z4 sDrive 23i. Сепак, под поклопецот се крие една значителна измена – го нема веќе бензинскиот мотор, а на негово место дојде M50d турбодизелот – истиот оној кој се вградува во моќниот BMW M550d. Сепак, луѓето од AC Schnitzer не би биле тоа што се ако не поработеле малку на моторот – па сега наместо 381 коњска сила и 740 Nm, моторот нуди 424 коњски сили и 840 Nm вртежен момент!

Покрај моторот, во автомобилот се вградени задната оска и диференцијалот со ограничено пролизгување од минатата генерација на BMW M3, а мануелниот менувач е заменет со 8-степен автоматик со лопатки за менување на управувачот. Благодарение на сето ова, AC Schnitzer ACZ4 забрзува до 100 километри на час за само 4.5 секунди и има максимална брзина од 300 километри на час.

Интересно, и покрај тоа што во автомобилот е вграден значително поголем и потежок мотор, автомобилот е околу 130 килограми полесен, благодарение на искористените лесни материјали за многу од деловите и лесните тркала. Од компанијата кажуваат дека ова е уникатен автомобил, направен по нарачка за клиент, но доколку би требало да се направи пак, би чинел 113.965 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.