full screen background image
Search

KIA ги објави првите скици од новата Optima!

Втората генерација на популарната и привлечна Optima ќе ја има својата премиера на саемот на автомобили во Њу Јорк, но KIA веќе објави неколку скици за да ни го подгрее апетитот!

Веќе знаеме во која насока ќе се движи новата Optima благодарение на Sport Space концептот кој KIA го претстави во Женева, но на овие скици гледаме дизајнерски јазик со понагласени и поагресивни линии, како и проширени крила и нагласен заден дел. Нам ни изгледа одлично, но останува да почекаме уште неколку дена до саемот на автомобили во Њу Јорк за да го видиме серискиот модел.

kia-optima-sketch2

Од KIA изјавуваат дека новата Optima е „дизајнирана со страст и конструирана опсесивно.“ Сега за сега, остануваме оптимисти!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.