Kia го изработи EV4 GT од.. глина!? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia го изработи EV4 GT од.. глина!?

Скулптурата е изработена од глина во чест на Rafael Nadal и неговата титула „Кралот на глината“.

Возилото му беше официјално врачено на тенисерот во неговата академија во Мајорка, одбележувајќи над 20 години партнерство меѓу Nadal и корејскиот бренд.

Скулптурата е изработена со комбинирање на стандардна глинена маса за автомобилско моделирање и вистинска земја собрана директно од тениските терени на кои Nadal освои рекордни 63 единечни титули на земјена подлога.

Површината на возилото ги содржи гравираните бројки и детали од неговите кариерни успеси, вклучувајќи ги 14-те титули од Roland Garros, рекордот од 50 последователно освоени сетови на земја и петте сезони кои ги заврши како прв тенисер во светот.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!