Малата Mazda 2 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Малата Mazda 2 пристигна во Македонија!

Најновиот модел на јапонскиот бренд, урбаната Mazda 2 веќе пристигна и во Македонија!

Новиот модел ветува многу можности за персонализација и многу шарм, а го следи KODO дизајнерскиот јазик на Mazda кој веќе добро го познаваме благодарение на Mazda 3, 6 и CX-5. Цените на малиот градски автомобил ќе започнуваат од околу 11.000 евра и веќе може да се нарача во Стар Моторс, македонскиот импортер за Mazda.

Од она што ние можевме накратко да го видиме, Mazda 2 нуди интересен и модерен дизајн, привлечна внатрешност како и повеќе од задоволителна понуда на простор во ентериерот. Наскоро ќе имаме можност да поминеме малку повеќе време со новиот модел, па целосно ќе ги пренесеме нашите импресии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.