BMW го додаде хибридниот X5 xDrive40e во својата гама – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го додаде хибридниот X5 xDrive40e во својата гама

Баварскиот производител ја додаде plug-in хибридната изведба на големиот X5 во својата гама и ветува автономија од 31 километар на струја!

Според она што го кажуваат од BMW, новиот X5 xDrive40e ветува „сензационално спортско чувство и став од едната страна, и изненадувачка економичност од другата.“ Автомобилот има вкупна системска моќност од 313 коњски сили благодарение на 2-литарски турбо-бензинец и електромотор интегриран во 8-брзинскиот Steptronic менувач, а електричната енергија се зачувува во Литиум-Јонска батерија со флексибилни можности за полнење.

Хибридниот погон му овозможува на големиот X5 да постигне комбинирана потрошувачка од 3.3 литри на 100 километри и комбинирана потрошувачка на електрична енергија од 14.3 киловат-часови за истата дистанца. Емисијата на CO2 изнесува само 78 грама на изминат километар а 100 километри на час пристигнуваат за 6.8 секунди.

Литиум-јонската батерија може да се полни преку обичен електричен излез, или преку BMW i полнач, како и на јавни станици за полнење, а е поставена под подот во багажникот. Благодарение на батеријата, автомобилот може да помине до 31 километар на електричен погон, при брзини до 120 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.