full screen background image
Search

Opel Adam S – Џебна ракета со премиум аспирации!

Повеќе од 125.000 примероци на Opel Adam се продадоа од неговото лансирање, а сега Opel ја зајакнува понудата со одличниот и спортски Adam S!

Кога новиот Opel ADAM S ќе се симне од производните линии во Ајзенах, Германија, ќе се роди уште една ѕвезда со мисија да го продолжи успехот на моделот на Opel. Наменет за клиентите кои се во потрага по спортско возење и агилност ADAM S дефинитивно располага со сѐ што е потребно за таквиот вид на авантура. Малиот Adam S е опремен со новиот 1,4-литарски Turbo ECOTEC мотор кој испорачува дури 150 коњски сили, но и здрави 220 Nm вртежен момент! Дополнителен аргумент се специјално подесената спортска шасија, директното спортско управување, ОРС сопирачките со високи перформанси и можноста за деактивација на ESP системот за стабилност.

Спортската верзија „S“ пристига на светскиот пазар како признание за екстремно успешната рели сезона на ADAM. Неговата рели верзија R2 победи во својата категорија во сите важни национални шампионати во Германија, Франција и Шпанија. Во Франција Шарлот Бертон со Opel ADAM R2 ја освои шампионската титула во женска конкуренција. Не толку екстремен и повеќе „исполиран“, ADAM S не е тркачки автомобил, но нуди сјајни перформанси, интензивни чувства и еден куп забава.

„ADAM S е дизајниран за луѓе кои сакаат да уживаат во спортското возење на автомобил којшто има едноставен и единствен изглед. Нашите инженери го опремија со соодветна технологија, а нашите дизајнери подготвија стотина модерни и разиграни опции за персонализација. Уверен сум дека најновото издание на семејството ADAM ќе биде успешно, како што е случајот со останатите членови“ – изјави раководителот на групацијата Opel Group, Dr. Karl-Thomas Neumann.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Opel го претстави освежениот Crossland

На Opel Adam S му се потребни 8.5 секунди за да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е 210 километри на час. Според најавеното, Adam S ќе троши само 5.9 литри бензин на 100 изминати километри, а емисијата на CO2 ќе изнесува 139 грама на изминат километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.