full screen background image
Search

Први фотографии од освежениот, 326-коњски BMW M135i!

По неодамнешното освежување на Серијата 1 на BMW, денес се појавија и првите фотографии од освежената спортска верзија на моделот – моќниот M135i со 326 коњски сили!

Колку за потсетување, M135i има 3-литарски, линиски шест-цилиндерски мотор кој соработува со турбополнач и испорачува 326 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Верзијата со погон на задните тркала достигнува 100 километри на час за 5.1 секунда, а доколку ја одберете верзијата со погон на сите четири тркала, тогаш очекувајте бенчмаркот од 100 километри на час да го достигнете за импресивни 4.7 секунди – секако, во комбинација со 8-брзинскиот автоматски менувач.

bmw-m135i-facelift-rear

Визуелните измени го следат неодамнешниот фејслифт – изменети се предните и задните светлосни групи, и има дискретни измени во браниците – но M135i не се разликува премногу од „обичните“ изведби на Серијата 1 на BMW.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.