McLaren го најавува новиот 675LT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren го најавува новиот 675LT!

На саемот на автомобили во Женева, McLaren ќе го претстави 675LT и со тоа ќе ја  комплетира гамата базирана на 650S, а истовремено ќе ја претстави најекстремната изведба на овој модел!


Моделот ќе се нуди покрај 650S и 625C (кој е наменет исклучиво за азиските пазари). Ознаката означува LongTail третман, но што точно тоа значи ќе видиме во Женева. Според McLaren, ова ќе биде „најлесната, најбрзата и најчистата верзија во гамата“. Покрај LongTail третманот, новиот модел ќе има оптимизирана аеродинамика и ќе отиде на мала диета.

Луѓето од McLaren веќе потврдија дека автомобилот ќе има 675 коњски сили, кои најверојатно ќе ги добие од истиот 3.8-литарски твин-трубо V8 бензинец. LongTail изведбата ќе биде своевиден омаж кон F1 Lontail од 1997-мата година, а намалувањето на тежината се очекува да биде околу 100 килограми. Повеќе информации ќе имаме наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.