full screen background image
Search

Volkswagen ќе го претстави Golf GTD Variant во Женева!

Volkswagen подготвува уште една изведба на Golf – овој пат се работи за караванската изведба на моќниот GTD со 184 коњски сили!

Германскиот производител веќе претстави Golf R Variant – односно моќен караван со 300 коњски сили – но изведбата која ќе ја претстави во Женева е значително порационална. Придвижуван од познатиот и силен 2-литарски турбодизел, Golf GTD Variant ќе има на располагање 184 коњски сили и 380 Nm вртежен момент достапни веќе од 1750 вртежи во минута.

golf-gtd-variant-rear

Преведено во перформанси, тоа значи 100 километри на час за 7.9 секунди (0.4 секунди поспоро од хечбекот), а потрошувачката расте за 0.2 литри на 100 километри и фабрички декларираните бројки зборуваат за 4.4 литри на 100 километри.

Golf GTD Variant ќе го препознаете по изменетите браници, новите 17-инчни фелни, црните кровни носачи и двојниот издув одзади. Секако, тука е и спортската суспензија која е 15 милиметри поблиску до подлогата. Цената во Германија ќе започнува од 31.975 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.