full screen background image
Search

Volvo го претстави V60 Cross Country

Volvo го претстави кросоверот изведен од V60 кој ќе се вика едноставно V60 Cross Country и ќе се нуди со неколку бензински и дизел мотори.

Моделската офанзива на шведскиот производител продолжува – по неодамнешното претставување на новиот XC90, Volvo ја претстави и кросовер изведбата на моделот V60 – a „новиот“ модел ќе ја носи ознаката Cross Country и ќе му се придружи на V40 Cross Country во лепезата на кросовер на брендот.

Сепак, рецептот е едноставен – суспензијата е повисока за цели 65 милимтери и додадени се дополнителни заштитни пластични панели за привлечниот караван да добие малку поагресивен и поробустен изглед. Додадена е и дополнителна заштита на долниот дел на автомобилот за да се заштитат виталните механички компоненти.

V60 Cross Country прво ќе биде достапен во САД и Канада, каде ќе се нуди со 230-коњски турбо-бензинец со пет цилиндри, а во европа ќе се нудат добро-познатите D3 и D4 турбодизели со погон на предните тркала, односно само D4 со погон на сите четири тркала.  Моделот со ознаката D3 всушност означува 2-литарски турбодизел со 134 коњски сили. Помоќниот D4 има на располагање 180 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.