full screen background image
Search

Новиот Porsche Cayenne GTS доаѓа со би-турбо V6 и 440 коњски сили!

Porsche го претстави новиот Cayenne GTS кој го замени атмосферскиот 4.8-литарски V8 со битурбо 3.6-литарски V6 бензинец со 20 коњски сили и 80 Nm повеќе!

Cayenne е несомнено популарен модел на Porsche, а германскиот премиум бренд се обидува да ги пополни сите празнини. Една од најпопуларните изведби на Cayenne е токму онаа со ознаката GTS, која по неодамнешното освежување на Cayenne доби свое затегнување, но и нов мотор.

Интересна е одлуката на Porsche да го замени 4.8-литарскиот атмосферски бензинец со 3.6-литарски битурбо бензинец, но не и неочекувана. Како и многу други производители, и Porsche го следи трендот на намалување на моторите и додавање на турбо-полнач. Новиот 3.6-литарски битурбо бензинец има на располагање 440 коњски сили и 600 Nm вртежен момент – тоа го прави освежениот Cayenne GTS помоќен за 20 коњски сили и 85 Nm вртежен момент!

Новиот Cayenne GTS забрзува до 100 километри на час за 5.2 секунди, односно 5.1 секунда доколку го нарачате и Sport Chrono пакетот – тоа се цели 0.6 секунди побрзо во однос на претходникот. Можеби не изгледа како многу – но овде зборуваме за голем SUV! Максималната брзина е ограничена на 262 километри на час.

Цената на Cayenne GTS во Германија ќе започнува од 98.152 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.