Новиот NX кросовер на Lexus е повеќе од забележлив, благодарение на футуристичкиот дизајн – но луѓето од 360 Elite Motorsports мислеле дека може да биде уште повидлив на улиците!
Како основа е земен NX200t со турбо-бензински мотор и F-Sport пакет. На него луѓето од 360 Elite Motorsports додале спортски аеро бодикит со преден лип, заден дифузер и спојлер, како и проширени крила и други додатоци. Бојата е исто така уникатна и се вика Molten Pearl, а автомобилот е поставен на големи, 21-инчни HRE P104 моноблок тркала во сјајно црна боја, обвиени во Toyo Proxes T1R гуми во димензии 265/35-21. Целиот пакет е комплетиран со нов систем „за дишење“ изработен од 360 Elite Motorsports и спуштена RS-R суспензија.
Забележливо, нели?