full screen background image
Search

Škoda Octavia ќе се нуди и со погон на сите четири тркала!

Еден од нашите фаворити, одличната Škoda Octavia ќе биде достапна со погон на сите четири тркала, и тоа во комбинација со неколку различни мотори!

Ние веќе имаме големо искуство со популарниот хечбек-седан на Skoda – ја возевме како во бензинска изведба со 1.2 TSI мотор, така и во дизелска, со одличниот 2-литарски TDI со 185 коњски сили во спортската RS-изведба. Сепак, експанзијата на гамата продолжува и Skoda реши да понуди Haldex 5 погон на сите четири тркала во Octavia.

„Со Škoda Octavia 4х4, ние ја прошируваме понудата на нашиот најважен модел со атрактивна верзија и уште еднаш ја докажуваме нашата висока конкурентност кај возилата со погон на сите тркала“ – изјави членот на одборот за продажба и маркетинг на ŠKODA – Вернер Ајхон.

Octavia 4×4 сериски ќе добие електронска блокада на диференцијалот, а задната суспензија ќе биде изведена со мултилинк решение. Со ова би требало да се добије одлична стабилност и безбедност, но и прецизно управување. Во понудата на мотори за Octavia 4×4 ќе се најдат вкупно четири мотори – три дизелски и еден бензинец. Понудата на дизели ја сочинуваат 1.6 TDI со 105 коњски сили и две верзии на 2.0 TDI – една со 150 коњски сили и еден со 185 коњски сили. Боите на бензинските мотори ќе ги брани 1.8-литарскиот TSI турбо-бензинец со 180 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.