full screen background image
Search

Mazda подготвува глобална тркачка серија со новата MX-5!

Mazda ја искористи SEMA за да најави глобална серија трки со новата MX-5 која ќе кулминира во Mazda Raceway Laguna Seca во Калифорнија!

На почетокот на 2016-та година Mazda ќе започне глобална серија на трки кои ќе се одржат во Северна Америка, Европа и Азија, а учесниците ќе возат идентично-подготвени тркачки примероци на MX-5 придвижувани од 2-литарскио SKYACTIV-G бензинец. Серијата на трки ќе кулминира во Калифорнија на крајот на 2016, на Mazda Raceway Laguna Seca патеката во Калифорнија. Тука возачите освен за титулата, ќе се борат и за еднодневен тест во врвниот TUDOR United States SportsCar Championship прототип тркачки автомобил, покрај другите награди.

Листата на земји-учеснички дополнително ќе биде потврдена, заедно со датумите кога трките ќе се одржат. Не се познати ниту целосните тркачки детали за автомобилот, но според она што можеме да го видиме на фотографиите, автомобилот ќе биде соодветно подготвен за тркачките патеки – ќе добие безбедносен кафез, тркачка суспензија и гуми, а најверојатно и некакви доработки на моторот. Според Masahiri Moro, глобалниот менаџер за продажба на Mazda, ова е одличен начин да се земе успешната приказна на постоечкиот MX-5 куп и да се доближи до глобалната публика.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.