ESP системот за стабилност е задолжителен на новите возила во Европа од 1-ви Ноември! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ESP системот за стабилност е задолжителен на новите возила во Европа од 1-ви Ноември!

Со легислатива која стана обврзувачка од 1-ви овој месец, ESP системот за стабилност на возилата  станува задолжителна опрема кај сите нови возила кои ќе се продадат на стариот континент.

ESP системот за стабилност досега има спасено преку 6000 животи и спречено околу 190.000 незгоди од неговото претставување до сега во 1995-тата година, според Bosch, најголемиот светски производител на ваков систем. Од први овој месец, сите нови возила кои се полесни од 3.5 тони мораат да бидат опремени со ESP систем за стабилност.

Според статистиките, во моментово околу 84% од возилата кои се продаваат во Европа се опремени со ESP, а светскиот просек е околу 59%. Ова секако ќе се одрази на цените на новите возила но не многу – бидејќи масовната прифатеност на овие системи го прави нивното производство значително поевтино. Присуството на ESP систем во возилата во САД и Канада е обврзувачко уште од 2011-тата година.

Европската Комисија тврди дека новата легислатива би можела да спречи до 4.000 смртни случаи и 100.000 повреди годишно на европските патишта. Повторно, анализите покажуваат дека ESP системот ги намалува незгодите за 20% на суви патишта, но за цели 30 до 40% на мокри и замрзнати патишта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.