Филмската сага наречена Fast & Furious ќе го добие своето седмо продолжение, а ова е првиот трејлер – и навистина има што да видите!
По трагичната смрт на Paul Walker, филмот беше паузиран и одложен една година, а за сцените кои не беа снимени а е потребен неговиот лик беа снимени благодарение на неговите браќа Cody и Caleb, но и со користење на компјутерски-генерирана графика. Погледнете го трејлерот – го има токму она што сме навикнати да го очекуваме од Fast & Furious филмовите – згодни девојки, многу акција, и секако – одлични автомобили!