full screen background image
Search

Mercedes-AMG купи дел од MV Agusta!

Daimler објави дека „тјунерскиот“ огранок на брендот – Mercedes-AMG – купи 25 проценти од италијанскиот производител на супер-спортски моторцикли – MV Agusta!

Иако првично само се ширеа гласини дека германскиот производител е заинтересиран за купување на 25 проценти од MV Agusta преку Mercedes-AMG дивизијата, сепак на крај се оствари токму тоа. Не е позната цената по која AMG „влезе“ во MG Agusta но се шпекулираат бројки од околу 30 милиони евра. Mercedes-AMG и MV Agusta ќе имаат долгорочно партнерство кое ќе вклучува соработка во продажбата и маркетингот. Ова може да се смета и за соодветен одговор на Mercedes-Benz кон купувањето на Ducatti од страна на Volkswagen Групацијата преку AUDI.

Зделката ќе биде финализирана кон крајот на месецот а Mercedes-AMG објавија дека ќе имаат една позиција во бордот на директори на MV Agusta. Tobias Moers, претседателот на Mercedes-AMG GmbH објави дека „во MV Agusta најдовме совршен партнер на две тркала за Mercedes-AMG кој ќе понуди влез во друг свет на ентузијасти за високи перформанси“. Од другата страна, Giovanni Castiglioni, претседателот на MV Agusta Motors S.p.A. објави дека „Mercedes-AMG ќе и помогне на MV Agusta во глобалната експанзија и ќе го забрза нашиот раст. Уникатноста на MV Agusta дополнително ќе го зајакне водството на Mercedes-AMG во сегментот на високи перформанси.“

Им честитаме на бракот и со нетрпение чекаме да видиме дали ќе имаат некој заеднички производ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.