full screen background image
Search

Steeda и Roush подготвуваат свои монструозни верзии на Mustang со многу коњски сили!

Тјунерите од Steeda и Roush подготвуваат свои верзии на култниот Ford Mustang кои треба да се појават на пазарот наскоро – и ќе нудат многу коњски сили од 5-литарскиот V8 бензинец!

Луѓето од Roush во соработка со Ford Motorsport ќе нудат bolt-on компресорски кит кој ќе му овозможи на 5-литарскиот V8 да нуди 600 наместо стандардните 435 коњски сили. Интересното е што овој комплет ќе се нуди официјално преку дилерите на Ford а купувачите ќе ја задржат гаранцијата на автомобилот доколку истиот е монтиран од страна на обучени Ford професионалци.

Од друга страна, тјунерите од Steeda одат (значителен) чекор понатаму и ќе нудат три верзии на тјунинг. Тие ќе го надградуваат големиот V8 мотор од 435 на 480, 650 или 775 коњски сили – најверојатно со користење на компресор. Согласно на промените во моторот, Steeda ќе понуди и модификации на суспензијата и шасијата, но и модификации на екстериерот. Со 775 коњски сили на располагање, ние се надеваме дека ќе добие и поголеми кочници.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.