Сегашното Audi R8 заминува со специјална Competition изведба! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сегашното Audi R8 заминува со специјална Competition изведба!

Веќе се подготвува следната генерација на ултра-успешниот супер-спортски автомобил од Инголштад, но во меѓувреме Audi го испраќа тековниот R8 со Competition едиција со 570 коњски сили!

Соодветно испраќање – сигурно ќе се сложите. Audi R8 Competition ќе го има своето деби на претстојниот саем на автомобили во Лос Анџелес, а во него се крие доработена верзија од 5.2-литарскиот V10 која испорачува 570 коњски сили кон сите четири тркала преку 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка и Quattro погон на сите четири тркала. Забрзувањето е соодветно импресивно – 100 километри на час пристигнуваат за 3.2 секунди а максималната брзина е 320 километри на час.

R8 Competition добива и титаниумски систем за издувните гасови со црни завршетоци, сјајно-црни тркала со задни гуми со 305 ширина и керамички кочници со црвени клешти. Купувачите ќе добијат и елементи од карбонски влакна – заден спојлер, простор за моторот, страничните ретровизори и „сечила“ карактеристични за Audi R8, како и преден спојлер и заден дифузер. Внатрешноста е „дотерана“ со детали од карбон и алуминиум.

Ќе бидат направени само 60 примероци, нарачките ќе започнат во Ноември а првите сопственици ќе ги добијат своите возила на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.