full screen background image
Search

BMW ги претстави новите X5M и X6M со 575 коњски сили!

Баварскиот производител ги откри новите супер-СУВ модели кои ќе имаат на располагање 4.4-литарски твин-турбо V8 бензинец со 575 коњски сили!

BMW ги откри новите верзии на X5M и X6M. Новите модели ќе го имаат на располагање истиот 4.4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој и досега беше на располагање, но овој пат со зголемена моќност и вртежен момент, но намалена потрошувачка. Новите супер-СУВ возила на BMW ќе располагаат со 575 коњски сили (+20) и 750 Nm вртежен момент (+70). Истовремено, потрошувачката е намалена за преку 20 проценти и сега официјалната потрошувачка изнесува 11.1 литар гориво на 100 изминати километри – меѓутоа да бидеме реални, тоа се далеку од реални бројки.

Забрзувањето до 100 километри на час кај обата модели трае 4.2 секунди, а максималната брзина секако е ограничена на 250 километри на час. Автомобилите изобилуваат со M-метали во форма на нови браници и поагресивен екстериер, но и во ентериерот каде се забележуваат новиот управувач и многуте ситници кои ги издвојуваат овие верзии од „цивилните“. Промотивните модели се во М-ексклузивни бои кои се нарекуваат Long Beach Blue Metallic и Donington Grey Metallic. Секако, имаат и многу безбедносни системи кои ќе се обидат да им овозможат на возачите безбедно и комфорно возење по асфалтираните патишта – навистина не ни се верува дека некој ќе проба да го вози својот X5M надвор од асфалтот..



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.