Toyota подготвува DUB верзија на Yaris за овогодинешната SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota подготвува DUB верзија на Yaris за овогодинешната SEMA

SEMA настанот за модифицирани автомобили во САД треба да се одржи наскоро, а меѓу другите возила, Toyota ќе претстави и ексклузивно подготвена DUB верзија на малиот Yaris!

Yaris DUB Edition има екстериер обоен во две бои со widebody бодикит кој значително ја раширува каросеријата и истовремено крие големи, 20-инчни тркала. Автомобилот е поблиску до подлогата благодарение на TRD суспензијата, а има и TRD кочници со StopTech шепи. Во ентериерот се вградени Sparco тркачки седишта и детали од карбонски влакна. Малиот хечбек има и рол-бар, iPad и премиум аудио систем со четири звучници, два саб-вуфери и три зајакнувачи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.