full screen background image
Search

Бензините и дизелот поскапуваат – цените растат за два денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот ќе се зголемат за два денари!

Малопродажните цени на горивата, согласно методологијата за пресметка на цените, се зголемуваат во просек за 2.3%. Според Републичката Комисија за Енергетика тоа значи дека горивата ќе поскапат за два денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 83.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 84.50 денари. Како и на бензините, и цената на дизелот се зголемува за два денари и сега еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 70 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.