Lada Niva Urban – Пример за дискретна модернизација! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lada Niva Urban – Пример за дискретна модернизација!

Lada Niva е легендарен автомобил кој често успева да ги посрамоти многу поскапите и понови конкуренти. Објавени се првите фотографии од малку освежената Lada Niva која сега ја носи ознаката Urban!

Веднаш се забележливи измените кои ќе дебитираат на Niva Urban. Предната маска е заменета со троделна решетка, пластичните браници се заменети со помодерни верзии кои сега се во боја на каросеријата, автомобилот е поставен на 17-инчни фелни со пластични наплатки и редизајнирани се предните трепкачи. Нема објавено технички детали, но претпоставуваме дека за придвижување ќе биде задолжен истиот 1.7-литарски бензински мотор кој се вградува и кај тековниот модел.

lada-niva-urban-rear

Според најавите, Lada Niva Urban ќе добие и клима уред, електрично подигање на прозорците и подобра звучна изолација. Секако, за преносот ќе биде задолжен 5-степениот мануелен менувач кој преку три диференцијали ќе ја пренесува силата од моторот кон сите четири тркала. Забрзувањето најверојатно ќе остане исто, односно за 100 километри на час ќе бидат потребни глацијални 22 секунди, а се очекува да се нуди и фабричка верзија со вграден плински уред за оние кои сакаат малку поекономично да патуваат.

Официјалната премиера е закажана за овогодинешниот саем на автомобили во Москва.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.