full screen background image
Search

Хибриден Mercedes-Benz E300 BlueTEC стигна од Танжир до Велика Британија со еден резервоар гориво!

Зад воланот на Mercedes-Benz E300 BlueTEC Hybrid, британскиот автомобилски новинар Andrew Frankel стигна од Танжир до Велика Британија со еден резервоар гориво – и помина 1968 километри!

Автомобилот за кој зборуваме е хибридна верзија на E-Class на Mercedes-Benz. Под поклопецот на моторот се крие 2.1-литарски турбодизел кој испорачува 204 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Овој мотор соработува со електромотор кој испорачува дополнителни 27 коњски сили. Кога работат заедно, големата лимузина може да забрза до 100 километри на час за 7.5 секунди и да постигне максимални 241 километар на час.

Сепак, поважно тука е дека Andrew Frankel зад воланот на ваков Mercedes-Benz успеа да помине 1968 километри и да стигне од Танџир до Goodwood  Фестивалот на Брзината во Велика Британија со еден резервоар гориво! Во ред, во ова возило бил вграден поголем резервоар кој може да се специфицира кога се нарачува автомобилот, и има волумен од 80 литри. Според Frankel, автомобилот потрошил во просек само 3.1 литар на 100 изминати километри! Frankel и неговиот E300 BlueTEC Hybrid поминале низ два континенти, четири земји и три временски зони, и вкупно патувале 27 часа!

Одличен подвиг за изненадувачки економичниот автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.