full screen background image
Search

Добри вести за Michael Schumacher – веќе не е во кома!

Портпаролот на Schumacher – Sabine Kehm потврди дека Michael е буден и дека е пренесен од болницата во Гренобл во универзитетската болница во Лаусан, Швајцарија!

Michael Schumacher беше во кома од крајот на Декември минатата година, кога ја имаше својата несреќа при скијање. Тој помина речиси шест месеци во болницата во Гренобл, но сега е свесен и пренесен во  универзитетската болница во Лаусан. Неговата портпаролка потврди дека тој е разбуден и свесен, и дека сега продолжува неговото опоравување.

„Тој веќе не е во кома. Michael ја напушти болницата во Гренобл и ќе го продолжи својата долга фаза на рехабилитација“ – изјави Kehm денес. Портпаролката им се заблагодари на сите вработени во болницата во Гренобл, како и првите на сцената на настанот во името на фамилијата на Michael Schumacher.

„Фамилијата исто така сака да им се заблагодари на сите кои му ги испратија на Michael сите добри желби. Сигурни сме дека му помогнаа“ – изјави Kehm и додаде – „неговата понатамошна рехабилитација ќе се случува подалеку од очите на јавноста.“

Не беа објавени повеќе детали околу состојбата на шампионот, но експертите веруваат дека неговото опоравување ќе биде долготрајно и тешко, и дека шансите за целосно закрепнување по толку долга кома се многу мали. Сепак, првите најави за знаците на будење на Michael Schumacher беа објавени уште во Април.

Му посакуваме брзо и целосно опоравување на Michael, и се надеваме дека некогаш повторно ќе го видиме на тркачките патеки!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.