Renault повторно го презема водството на Nürburgring со новиот Megane RS 275 Trophy-R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault повторно го презема водството на Nürburgring со новиот Megane RS 275 Trophy-R!

Новиот Megane RS 275 Trophy-R му овозможи на Renault повторно да постави рекорд во категоријата на возила со преден погон на легендарниот Nürburgring – овој несекојдневен автомобил го помина „зелениот пекол“ за 7:54.36!

Ова е огромен успех за Renault, со оглед на тоа дека само пред  неколку месеци SEAT постави нов рекорд во оваа категорија со нивниот фабрички Leon Cupra 280. Новиот Megane RS Trophy-R ќе се понуди во екстремно лимитирана серија од само 250 примероци, во 15 земји во светот.

Но што е толку различно кај Trophy-R? Да започнеме со фактот дека автомобилот е скоро 100 килограми полесен во однос на стандардниот Megane RS, но истовремено доаѓа сериски со Cup шасијата со преден диференцијал со ограничено пролизгување, 2-литарскиот турбо-бензинец е дополнително навиен на 275 коњски сили, има титаниумски систем за издувни гасови изработен од Akrapovic, има специјални амортизери изработени од Ohlins и специјално изработени Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, направени само за овој автомобил.

Олеснувањето е благодарение на отстранетите задни седишта, и замената на предните седишта со специјални Recaro Pole Position седишта изработени од поликарбонат (42 килограми), акумулаторот е заменет со литиум-јонски (16 килограми), специјалните кочници ја намалуваат тежината дополнителни 3 килограми, специјалните тркала уште 5 килограми, отстранување на звучната изолација „заштеди“ уште 18 килограми, и на крај, отстранувањето на клима уредот и радиото ја намали тежината за уште 10 килограми.

Новиот Megane RS 275 Trophy-R ќе биде достапен за нарачки наскоро. Ние им го честитаме успехот на инженерите од Renault и им посакуваме уште повеќе успеси, а во меѓувреме вие погледнете го одличното рекордерско возење околу Nurburgring!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Renault 5 E-Tech е електричен Ренолуционер!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.