full screen background image
Search

Nissan Concept 2020 Vision Gran Turismo – дискретна најава за следниот GT-R?

Како и неколку други производители, така и Nissan го најави своето концептно возило за Gran Turismo 6 – но дали преку овој концепт Nissan дискретно го најавува и следниот GT-R?

Од Nissan не кажуваат многу за концептот – но нагласија дека е „визија за тоа како еден модел на Nissan со високи перформанси би можел да изгледа во иднина,“ а деталите кои можеме да ги забележиме силно сугерираат дека се работи токму за следниот GT-R.

nissan-concept-2020-1

Концептот, кој се вика Concept 2020 е изработен од тим млади дизајнери кои се дел од Nissan Design Europe центарот, кој е лоциран во Лондон. Од Nissan изјавуваат дека напредната аеродинамика го импресионирала инженерскиот тим во Nissan Technical Centre во Атсуги, Јапонија. Инженерите виделе голем потенцијал во дизајнот и понудиле нивни совети за тоа како би можел да се подобри. Сепак, и покрај ова, Nissan не објавува никакви детали околу тоа каков мотор го придвижува концептот.

nissan-concept-2020-2

nissan-concept-2020-3



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.