full screen background image
Search

Објавени новите цени на горивата – бензинот поскапува, дизелот останува со иста цена!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ бензините ќе поскапат за половина денар, а дизелот ќе остане со иста цена како и досегашната.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на малопродажните цени, од вечерва на полноќ истите тие цени ќе бидат зголемени за 0.31%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се зголемат за половина денар и еден литар ќе се продава по цена од 81.00, односно 82.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува иста и еден литар дизел гориво ќе се продава по цена од 68.00 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.