Пред помалку од еден месец на аеродромот Тимпаки во Грција беше поставен нов рекорд на една милја со Lamborghini Gallardo Nera, а ние сега ви го објавуваме видеото од тој настан.
Редовниот учесник на Руските драг трки Леонид В. продолжува да реди нови успеси со последното достигнување на аеродром во нашата соседна земја, каде што успеа да помине растојание од една милја за рекордно време само 20.845 секунди, со рекордна излезна брзина од 409 км/ч. Да тоа се два рекорди одеднаш! Ова беше постигнато само еден ден по неуспешните обиди во првиот ден кога од неговото возило изби пожар.
Поради тоа автомобилот претрпе промени, па беше променет целиот мотор заедно со нов систем за ладење, а му беа направени уште многу прилагодувања кои му ги овозможија овие резултати. Последните мерења на динамометарот покажаа дека неговиот Lamborghini Gallardo Nera испорачува 1575 кс на тркалата, што е еднакво на 1850 кс на замаецот при притисок од 2.9 бари. Сега автомобилот на Леонид е најбрзиот Lamborghini на нашата планета и најбрз Unlim 500+ автомобил во сите категории – четвртина милја, една милја и излезна брзина!
Погледнете како изгледаше сето тоа: