Lexus RC F – Најмоќниот Lexus со V8 мотор на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus RC F – Најмоќниот Lexus со V8 мотор на сите времиња!

Придвижуван од 5-литарски V8 бензинец со повеќе од 450 коњски сили, новиот RC F има цел да биде директен конкурент на BMW M4!

Новиот RC F е всушност посилна сериска верзија на RC купето прикажано на Токискиот авто-саем во Ноември. Под капакот се крие голем, 5-литарски V8 бензинец кој испорачува „повеќе од 450“ коњски сили, а ние имаме информации дека точната бројка изнесува 460.

Lexus RC F е логичен огранок на IS F, и ќе биде директен конкурент на луксузните BMW M4, Audi RS5, Mercedes-Benz C63 AMG и неколку други Американски конкуренти. Дизајнерите на Lexus имаат вложено многу време и ресурси во дизајнот на RC F, а нивната цел била да пренесат емоции од Lexus LFA и истовремено да истакнат дека ова е сериозен спортски автомобил – што можеме и да го приметиме од агресивните отвори за воздух, големите тркала и изразената агресивност на автомобилот.

2013.12.10 LPMPD

Главниот инженер на Lexus, господинот Yukihiko Yaguchi изјави дека секоја компонента на автомобилот е внимателно дизајнирана да придонесе кон перформансите и дека уникатните отвори за воздух на поклопецот на моторот и на краевите на предните крила придонесуваат кон ладењето и стабилноста при управувањето. Според него, тие креираат агресивен изглед кој веднаш пренесува очекување за диманично возно искуство.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.