Audi ги покажа инструментите на новото TT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ги покажа инструментите на новото TT!

Audi верно го следи своето мото за напредок низ технологија – а по она што го покажа на CES, новата генерација TT ќе биде одличен начин да се прикаже нивната експертиза!

Она што Audi го прикажа на CES прави сите останати производители да изгледаат како да се заглавени во минатиот век. Панелот со инструменти поставен пред возачот е драгиот камен во круната на новиот TT – големиот, 12.3 инчен дисплеј ќе се користи за да му ги покаже на возачот сите важни информации, но и навигацискиот систем.

Puristisch, sportlich und clean ?  Audi zeigt neues TT-Interieur auf der CES

Контролата на панелот со инструменти ќе се врши преку најновата генерација MMI чиј контролер е поставен кај менувачот. Новата генерација MMI има помалку копчиња, но има мал панел сличен на touchpad кај лаптоп компјутерите преку кој корисниците ќе можат да впишуваат команди и букви.

Puristisch, sportlich und clean ?  Audi zeigt neues TT-Interieur auf der CES

Интересен е и новиот начин на контролирање на температурата на клима уредот – контролерите и нивните дисплеи се вградени во самите отвори за вентилација!

Со ова, Audi почна и официјално да ја најавува новата, трета генерација на ТТ. Моделот ќе биде изграден врз MQB платформата која е основа за многу модели на Volkswagen групацијата, но со соодветни доработки и многу нови технологии. Се шпекулира дека најмоќната, TT RS верзија повторно ќе биде придвижувана од 2.5-литарски турбо-бензинец, овој пат со моќност од околу 400 коњски сили! Quattro погонот на сите четири тркала е неизбежен, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.