Уловена новата W205 C-Class на Mercedes-Benz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Уловена новата W205 C-Class на Mercedes-Benz!

Четвртата генерација на Mercedes-Benz C-класата е уловена без никаква камуфлажа во текот на официјална фотосесија во САД.

Како и што се очекуваше, моделот W205 наликува на намалена S-класа, но исто така се препознаваат и неколку елементи од обновената Е-класа. Ставот и формата на автомобилот се поспортски и го прават да изгледа како многу покомпактна целина. Моделот уловен на фотографиите е оремен со AMG бодикит, и наговестува како би можел да изгледа претстојниот C63 AMG.

Пред неколку недели ги објавивме фотографиите од ентериерот што значи дека сега ни е познат целиот изглед на автомобилот. Сепак, се очекува официјалните детали да бидат објавени во текот на Интернационалниот Автомобилски Саем во Северна Америка во Јануари 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.