Официјално: Новата обновена Е-класа на Mercedes Benz – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новата обновена Е-класа на Mercedes Benz – Мега Галерија

Mercedes-Benz официјално ја претстави освежената Е-класа, која претставува повеќе од средовечно затегнување на борите и носи значајни промени во дизајнот, подобрени агрегати, поголема основна опрема и додатни системи.

Најприметливата промена во дизајнот се наоѓа на предниот дел каде што традиционалните двојни светлосни групи се заменети со едноделни кои имаат интегрирани дневни LED светла. Предната решетка е достапна со традиционалниот или со поспортски дизајн, а исто така променет е изгледот и на поклопецот на моторот и браникот. Задните светла се во иста форма како и претходно, но со нов LED дизајн.

Новата Е-класа ќе биде достапна со избор од повеќе погонски единици. Основниот е 2.0-литарски турбо бензински агрегат во две различни верзии, со 181 кс кај E200 и 208 кс кај E250. Моделот E350 ќе располага со 3.5-литарски V6 мотор со 302 кс, додека E400 Hybrid ќе биде погонуван од истиот агрегат но потпомогнат со електричен мотор од додатни 27 кс, а E550 ќе користи 5.5-литарски мотор со 402 кс.

Планирани се и два досегашни дизели. Првиот е 2.1-литарскиот 4-цилиндарски агрегат со 134 кс кај E200 CDI, со 168 кс кај E220 CDI и 201 кс кај E250 CDI. Вториот е 3.0-литарскиот V6 мотор со 248 кс кај E350. Најштедлив модел е E220 CDI, кој забележува просечна потрошувачка од неверојатни 3.92 литри на 100 километри.

Најсилниот E63 AMG ќе пристигне следната Есен и ќе биде малку посилна од сегашната 5.5-литарска V8 турбо верзија со 518 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.