Porsche 911 GT3 Cup – 911 подготвен за тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 GT3 Cup – 911 подготвен за тркачките патеки!

Најновата генерација на Porsche 911 ја доби својата официјална тркачка верзија. Наречена 911 GT3 Cup, новиот тркач на Porsche ќе доаѓа со 3.8 литарски мотор кој ќе испорачува 460 коњски сили!

Разбирливо, возилото е олеснето и наменето за користење исклучиво на тркачките патеки. Немаме конкретни информации колку е намалена тежината, но можеме да видиме дека се работи за чистокрвен тркачки модел. Предните гуми се широки 27 сантиметри, а задните 31 сантиметар. Покрај поголемите и пошироки тркала, 911 GT3 Cup има и тркачки сопирачки со дијаметар од 380 милиметри.

Бидејќи и безбедноста е од огромно значење, 911 GT3 Cup има целосен безбедносен кафез кој ги задоволува сите стандарди. Автомобилот ќе се произведува во фабриката Zuffenhausen во Штутгард и ќе се продава по цена од 181.200 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.