Mazda претстави четири модифицирани модели на SEMA 2013 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda претстави четири модифицирани модели на SEMA 2013

Јапонскиот бренд ги изложи претходно најавените автомобили на актуелниот саем во Лас Вегас.

Првиот од нив е специјална верзија базирана на хечбек изведбата од Mazda3 и е наречена Club Sport 3. Таа се одликува со бела боја и металик сребрени детали и странични шари. Моделот е опремен со аеродинамичен бодикит и 20-инчни алуминиумски фелни. Силата извира од 2.5-литарски SKYACTIV-G бензински агрегат кој потоа ја испраќа кон предните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување.

Вториот од нив, Vector 3 е црвената седан изведба на Mazda3. Моделот е дотеран со 19-инчни Rays Volk Raycing Original G25 фелни обвиени во Yokohama пневматици, како и H&R суспензија, додека стандардните сопирачки се заменети со Brembo систем за сопирање.

04-mazda-clubsport-6-concept-sema-1

Третата е модифицирана верзија на Mazda 6, наречена Club Sport 6 и е изработена во слична, но потемна комбинација од Club Sport 3.Таа е опремена со Brembo сопирачки, H&R прилагодливи амортизери и Racing Beat издувен систем. Под поклопецот работи 2.2-литарски SKYACTIV-D дизелски агрегат кој развива 173 кс и 420 Nm вртежен момент.

Послениот модел е Ceramic 6 концептот, кој се одликува со бел екстериер со сребрени линии и 20-инчни алуминиумски фелни. На него се додадени Brembo сопирачки, H&R суспензија, Racing Beat издувен систем и стилска кабина со полуксузен тапацир.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.