Mazda се подготвува за овогодинешната SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda се подготвува за овогодинешната SEMA

SEMA е најголемиот настан посветен на афтермаркет модификациите на возила кој се одржува во Соединетите Американски Држави, а Mazda ќе претстави модифицирани верзии на моделите 3 и 6!

Она што Mazda ќе го прикаже оваа година се по две верзии од моделите 3 и 6. Четирите изложени автомобили ќе бидат модифицирани во различни стилови, а целта е да се прикажат можностите за модифицирање и персонализирање на овие нови модели. Интересно е што тјунираните 3-ки се различни изведби – односно едната ќе биде седан, а другата хечбек верзија.

Повеќе информации ќе имаме кога ќе започне SEMA, а до тогаш можеме да ги видиме само фотографиите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.