Audi RS6 со 670 коњски сили од O.CT Tuning! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS6 со 670 коњски сили од O.CT Tuning!

Луѓето од O.CT Tuning се потрудија да го подобрат големиот караван од Инголштад, а резултатите се импресивни – „стотка“ за само 3.4 секунди и максимални 320 километри на час!

Да бидеме искрени – 560-те коњски сили кои ги нуди „обичниот“ RS6 не се воопшто малку, но постојат и онакви кои секогаш сакаат повеќе. За тие се погрижија луѓето од O.CT Tuning кои малку се позанимаваа со големиот караван и тој сега испорачува 670 коњски сили! Со ова подобрување RS6 сега забрзува до 100 километри на час за само 3.4 секунди, а O.CT нудат и зголемување на максималната брзина на 300 или 320 километри на час, но нагласуваат дека ќе треба да изберете соодветни гуми.

Доколку нарачате и спортски издувен систем, ќе добиете уште малку сила, односно вкупно 680 коњски сили – совршено за фамилијарниот човек!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.