Gran Coupe изведбата од новата Серија 4 ќе биде премиерно претставена на наредниот Женевски саем, а ќе излезе на пазарот во Јуни 2014.
Серија 4 Gran Coupe е замислена како директен конкурент на Audi A5 Sportback, а ќе биде понудена во 420i, 420d, 428i и 435i конфигурации. Дизајнот на предниот и задниот дел ќе се разликува од дво-враниот модел. Пакетите, опциите и погонските единици се очекува да бидат речиси идентични со купе и кабриолет изведбите.
Четири-вратната Серија 4 Gran Coupe ќе се одликува со поиздолжени задни прозорци кои се слеваат кон вообичаениот багажник, дизајнерска одлика која визуелно ја зголемува страничната димензија на автомобилот. Раздолжениот и динамичен дизајн од страна ќе му дава на автомобилот полуксузен изглед, додека нуди повеќе внатрешен простор за патниците. На горната фотографија можете да ја видите визијата на еден дизајнер за тоа како 4-Series Gran Coupe би можела да изгледа.