Toyota, односно нејзиниот младешки огранок во Америка кој го носи името Scion, подготви четири различни верзии на спортскиот GT86, кој тие го нарекуваат FR-S за претстојниот саем SEMA.
Сите изложени модели различно ја интерпретираат визијата за GT86. Првиот претставен модел е изработен од GReddy и може да се пофали со дури 750 коњски сили благодарение на 2JZ-GTE турбо моторот. Вториот модел е верзијата на Bulletproof која се нарекува Concept One и влече инспирација од супер-автомобилите. И оваа верзија нуди турбо мотор, но немаме информации за моќноста која ја испорачува.
Третата верзија е изработена со познатиот DJ Steve Aoki. На оваа верзија не е работено многу на перформансите, но затоа е работено на аудио уредот – овој автомобил е целосно опремена сцена за работата на овој популарен DJ со многу, многу аудио опрема!
Последниот концепт е ориентиран кон лукзусот и премиумот – интересниот бодикит во комбинација со премиум ентериерот изработен со најквалитетни материјали покажува како би можела да изгледа луксузната верзија на GT86.