Официјално – Новата Mazda 6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално – Новата Mazda 6!

Со претставувањето на новата 6-ка, Mazda успеа да го сврти вниманието кон себе. После долгото претставување, конечно имаме официјални фотографии од Mazda 6! Да видиме дали вредеше да се чека на Mazda 6:

Како што знаеме, официјалното претставување на Mazda 6 е закажано за саемот во Москва. Всушност, денес за прв пат новата 6-ка ќе се претстави пред јавноста. Сепак, луѓето од Mazda беа нестрпливи, па така online публиката има шанса уште сега да ја види новата 6-ка.

Веќе добро знаеме дека концептот Takeri е првобитната визија за новиот седан на Mazda, а атрактивниот спортски изглед е пренесен и на финалната верзија. Според нас ваквиот дизајнерски правец на Mazda е токму тоа што и недостигаше!

Овој супер-агресивен изглед и овозможува на новата Mazda 6 да има помал коефициент на отпрот на воздух (0,26). Новиот седан на Mazda го карактеризира и SKYACTIV технологијата на моторите која ни е веќе добро позната од Mazda CX-5.

Новата генерација на седанот на Mazda e долг4865 mm, широк 1840 mm и висок 1450 mm. Меѓуоскиното растојание е за 105 mm поголемо од претходниот модел, па така сега изнесува 2830 mm. Според Mazda, овие бројки говорат дека сега патниците напред имаат 20 mm повеќе простор за рамењата, додека позади патниците имаат 37 mm повеќе место за нозете. Багажниот простор изнесува 483 литри.

 Понудата на моторите во Европа ќе биде откриена на саемот во Париз на крајот на наредниот месец кога ќе биде претставена и караванската изведба на Mazda 6.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.