Мега галерија: 2013 Honda CR-V – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мега галерија: 2013 Honda CR-V

Веќе добро знаеме како ќе изгледа новиот компактен кросовер на Honda, но сега да го погледнеме подетално.

Денес подобро ќе се запознаеме со деталите на 2013 Honda CR-V, повеќе фотографии од внатрешноста и додатната опрема која ја нуди новата генерација на CR-V.

Веќе знаеме дека CR-V не “порасна” во однос на сегашниот модел, но знаеме дека има 30 mm пониска линија на кровот. Седењето на задната клупа е пониско за 38 mm, додека на предните седипта се седи за 10 mm пониско.

Што се однесува до моторите, на почетокот во понудата ќе бидат 2.0 литарскиот i-VTEC бензинецот кој сега има моќност од 155 КС, a тука е и 2.2 литарскиот i-DTEC дизел агрегат кој нуди 155 КС. Како што знаеме, за прв пат во Европа достапен ќе биде и 1.6 литарскиот турбо-дизел кој има 120 КС.

Европската премиера CR-V ќе ја има на саемот во Париз, а нејзината продажба стартува во Октомври оваа година. Компактниот кросовер ќе продолжи да се произведува во фабриката на Honda во Велика Британија.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.