Премиера: Новиот 2013 Honda CR-V за Европски Пазар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот 2013 Honda CR-V за Европски Пазар

Honda го откри новиот CR-V за Европскиот пазар, цели осум месеци по претставувањето на Американската верзија.

Однадвор, Европскиот модел располага со неколку изменети елементи, како променет преден браник, предни и задни LED дневни светла, поголеми ретровизори со вметнати трепкачи и пократка антена.

Овој модел е незначајно подолг од досегашниот модел, но располага со 30 mm пониска линија на кровот, додека седењето на задната клупа е пониско за 38 mm, а на предните седишта за 10 mm. Широчината на автомобилот остана непроменета.

Четвртата генерација на компактниот кросовер на Honda багажен простор со капацитет од 589 литри или 1,648 литри со спуштање на задната клупа, што значи дека има зголемување за 148 литри од стариот модел.

CR-V ќе се нуди во избор од три различни агрегати, вклучувајќи го новиот 1.6-литарски дизел мотор со турбополнач, додека 2.0-литарскиот i-VTEC бензинец и 2.2-литарскиот i-DTEC дизел агрегат се превземени од претходниот модел. За прв пат во Европа, CR-V ќе биде достапен и со погон на предните тркала во изведбите со 2.0-литарскиот бензински и 1.6-литарскиот турбо дизел мотор.

2.0-литарскиот четири-цилиндарски бензински мотор е засилен од 150 кс на 155 кс, додека максималниот вртежен момент е 192 Nm. Honda истакна дека покрај зголемувањето на перформансите, издувните гасови се намалени од 192 g/km на 175 g/km.

Силата на 2.2-литарскиот i-DTEC дизел агрегат останува непроменета со 150 кс, но емисијата на CO2 е намалена за околу 10%. Новиот 1.6-литарки турбо дизел кој произведува 120 кс при 4,000 вртежи во минута и 300 Nm при 2,000 вртежи, ќе биде во понуда од следната година.

Новиот CR-V е снабден со изменета верзија на системот за погон на сите тркала, така што досегашниот систем кој се активирапе хидраулично е заменет со електронски активиран систем кој треба да овозможи побрза реакција кога ќе детектира губење на тракција.

Европскиот модел ќе се произведува само во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија, а ќе започне со продажба во Октомври, односно по неговото дебитирање на Парискиот Саем во Септември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.