Vorsteiner со нов преден браник за BMW M3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vorsteiner со нов преден браник за BMW M3!

Сопствениците на најновата генерација на M3 на BMW сега можат да го направат својот автомобил уште поагресивен!

Vorsteiner го претстави рестилизираниот GTRS5 преден браник за најновата генерација на BMW M3. Акцентот е ставен на агресивниот изглед кој го заслужува M3. GTRS5 сега има поголеми отвори за воздух како и детали од карбонски влакна со кои е значително намалена тежината на браникот.

Овој браник ќе биде лимитиран на само 88 примероци а цената не е сеуште позната, но знаејќи ги Vorsteiner и квалитетот на деловите кои ги произведуваат, нема да биде ниска, но со сигурност ќе биде оправдана. Во продолжение, погледнете како изгледа BMW M3 со GTRS5.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.