Lamborghini Aventador Carbonado by Mansory – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini Aventador Carbonado by Mansory

Mansory својот проект LP700-4 кој го претстави годинава во Женева, го направи уште полесен.

Lamborghini Aventador Carbonado или со неговото друго име “Black Diamond” ќе биде произведен во екстрмно лимитирана верзија од само шест примероци.

Иако и LP700-4 е составен од многу делови од карбонски влакна, Carbonado има уште повеќе. Сега скоро целосниот преден дел, хаубата, страничните прагови, крилата, подигнатиот заден дел со интегриран заден дифузор се целосно направени од карбонски влакна. Кровот заедно со некои делови на моторот се сега исто така изработени од карбонски влакна. Aventador Carbonado како последица на овие модификации е 40 mm поширок напред и 50 mm поширок назад.

Но тоа не е се, моторот е оптимизиран на сега максимални 743 КС (од поранешните 690 КС) при 8,300 вртежи во минута и 750 Nm вртежен момент. Знаеме дека деловите од карбонски влакна значително ја намалуваат тежината на автомобилот, а со тоа и ги подобруваат перформансите. Па така, Carbonado сега забрзува од 0 до 100 km/h за 2.8 секунди, додека максималната брзина е 355 km/h.

Тјунерите од Mansory голем труд вложиле и во изработка на ултра лесните 20-инчни бандажи напред и 21-инчни назад. Исто и внатрешноста доби свој третман, пред се карбон деталите и црната кожа која преовладува.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.