Премиера – 2012 Honda CR-V – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера – 2012 Honda CR-V

На авто-салонот во Los Angeles, Honda ја прикажа новата генерација на успешниот SUV .

Иако според официјалните изјави на Honda, овој модел на CR-V е за Американскиот пазар, сигурни сме дека ќе го видиме во Европа наскоро. Новиот модел ги задржува ширината и меѓуоскиното растојание, а е незначително пократок и понизок. Ги задржува и познатите столбови на Honda – одличната изработка, неоспорливиот квалитет и интересниот дизајн.

Во внатрешноста приметуваме некои од новите дизајнерски елементи на Honda, но во целина е задржан досегашниот премиум стил. Во целост, новиот CR-V изгледа поагресивно од својот претходник, а тоа се должи на заострените линии и поскладниот дизајн.

Новиот CR-V ќе добие и интелигентен систем за погон на сите четири тркала, со кој можеби ќе можете да избегате малку од асфалтираните улици.

Се надеваме дека набргу ќе го видиме новиот CR-V и на нашите улици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.