full screen background image
Search

Lancia Thema – Италијанска Кравата за Американецот

Фамилијарните врски помеѓу Fiat и Chrysler групациите стануваат подлабоки, а новата Lancia Thema е уште еден одличен пример за тоа!

По враќањето на Fiat на Американскиот пазар со популарниот Fiat 500, време беше и Европа да има некаква корист од транс-континенталниот брак. Тоа е Lancia Thema, или ако повеќе сакате Chrysler 300C со ситни естетски промени.

Веднаш ќе признаеме дека бевме огромни обожуватели на првиот 300C и неговиот изглед на суптилен снагатор, а истата философија е приметлива и кај новиот модел. Италијаните успешно го преземале 300C, и без да изгубат ниту трошка од неговата оригиналност ни ја нудат Thema.

Во Европа Thema ќе се нуди со три мотори. Првиот од нив е 3.6-литарскиот Pentastar V6 бензинецот на Chrysler, кој испорачува 286 коњски сили при 6350 вртежи и 350 nm при 4650 вртежи во минута. Со овој мотор Thema забрзува до 100 километри на час за 7.7 секунди и ќе ве однесе до максимални 240 километри на час. Овој мотор оди во комбинација со 8-степен автоматски менувач.

Сепак, сигурни сме дека на Европскиот пазар многу попопуларни ќе бидат дизел моторите, а тука веќе се нудат два V6 дизелски мотори со зафатнина од 3.0 литри. Првиот има моќност од 190 коњски сили и 400 Nm, a посилниот има моќност од 239 коњски сили и 550 Nm. Првиот забрзува до 100 за 9.7 секунди, а вториот за 7.9. Дизелските мотори исто така доаѓаат со автоматски менувач, но со само 5 степени на пренос.

Цените за Lancia Thema за Македонскиот пазар сеуште не ги знаеме, но во германија се движат од 41.400 евра за основниот дизел, до 46.900 евра за посилниот дизел и бензинецот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.