Официјално: 2013 Panda 4×4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: 2013 Panda 4×4

Fiat го претстави нивниот нов најмал кросовер 2013 Panda 4×4, пред светската премиера на интернационалниот автомобилски Саем во Париз во крајот на Септември.

Базиран на стандардната Panda со пет врати, 4×4 моделот е 3.680mm долг, 1,670mm широк и 1,600mm висок. Тој е поставен на меѓуоскино растојание со должина од 2,300mm и има траг на тркалата со широчина од 1,410mm напред, а 1,400mm назад. Дизајнерите од Fiat Centro Stile и дале на Panda 4×4 поопасен изглед однадвор со додавање на мали детали како црни пластични делови на лаковите од тркалата и под браниците, под кои исто така се наоѓаат и сиви штитници.

Fiat ја прошири постоечката палета на бои со две нови бои направени специјално за 4×4, наречени Sicilia портокалова и Toscana зелена. Моделот со погон на сите тркала вози на ново дизајнирани 15-инчни бандажи, обвиени во 175/65 R15 M+S гуми. Во внатрешноста, додадена е зелена рамка околу централната конзола, поинакви седишта и нов тапацир на вратите.

Panda 4×4 е опремена со постојан погон на сите тркала управуван од електронска контролна единица која ја префрла тракцијата помеѓу предната и задната оска според условите на патот.

Што се однесува до агрегатите, Panda 4×4 ќе се нуди со два мотори вклучувајќи ги новиот 0.9-литарски TwinAir турбо бензинец со 84 кс и 1.3-литарскиот MultiJet II дизел со 74 кс. Двата агрегати се опремени со старт/стоп систем и шест-степен рачен менувач со кратка прва брзина.

Заедно со Panda 4×4 , Fiat во Париз ќе претстави уште два модели од гамата на Panda, тоа се Trekking и Natural Power.

Trekking би требало да ја затвори дупката помеѓу 4×4 и стандардните модели со погон на предните тркала со комбинирање на ‘off road’ изглед со погон на предните тркала кој ќе употребува систем за против пролизгување за подобрување на управливоста на лизгав терен.

Поврзано:   Fiat најавува пет нови модели со пет супер-креативни концепти!

Panda Natural Power ќе биде опремена со инсталација за погон на метан во комбинација со бензинскиот 0.9-литарски TwinAir турбо мотор со два цилиндри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.